среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Чарли Шин откри колку пари им плаќа на поранешните жени

Контроверзниот 50-годишен актер Чарли Шин кој има 6-годишни близнаци со Брук Милер и ќерќите Сем (11) и Лола (10) со Денис Ричардс откри дека на двете поранешни сопруги им плаќа по астрономски 55.000 долари месечно.

carli-sin

Поврзани вести

Контроверзниот 50-годишен актер Чарли Шин кој има 6-годишни близнаци со Брук Милер и ќерќите Сем (11) и Лола (10) со Денис Ричардс откри дека на двете поранешни сопруги им плаќа по астрономски 55.000 долари месечно.

Во гостувањето во „Шоуто на Д-р. Оз“ Чарли рече дека секој месец на секоја од сопругите им плаќа по 55.000 долари без даноци, а потоа ја праша публиката:

Вие би можеле да живеете од тие пари, зарем не?!

Чарли Шин и Брук Милер

Чарли Шин и Брук Милер

Откри дека толку плаќа во склоп на неговиот проект „Операција Хармонија“, а кој има за цел неговите деца и поранешните сопруги да живеат во негова близина.

 Купив куќи во соседството за Брук и за момчињата, а потоа и за Дениз и за девојчињата. Сакав сите да живееме во близина и тоа не тргна како што треба.

Чарли Шин и Дениз Ричардс

Чарли Шин и Дениз Ричардс

Дениз во моментов го туѓи Чарли затоа што тврди дека тој ги исфрлил неа и нејзините ќерки од домот и дека на девојчињата им праќал агресивни пораки. Еден од адвокатите на Чарли, Мартин Сингер ја обвини актерката дека е „алчна“.

Го претставувам Чарли повеќе од 20 години. Пети, адвокатот на Дениз е само последна во низата адвокати што Ричардс ги изнајми со цел да измолзат колку може повеќе пари од Чарли. Тоа сега нема никаква врска со децата. Таа едноставно е алчна, лакома. Не е задоволна што добива чисти 55.000 долари секој месец, што е повеќе од она што 99 отсто од луѓето во светот го заработуваат. Сега бара уште пари од Чарли и тоа за друга куќа, затоа што оваа од 7 милиони не и е доволна, рече Сингер.

Најчитани вести