четврток, 15 декември 2016  |  Вести денес: 20

Чартер линија Скопје-Будимпешта

Од април следната година Визер почнува со директна авиолинија од Скопје до Будимпешта.

будимпешта

Поврзани вести

Новата рута компанијата ја објави денеска, а ќе ја воведе од 2 април 2017 година.

Ќе се реализира два пати во неделата, во среда и недела. Билетите се пуштени во продажба, а цената е од 1.199 денари.

Со новата рута, Визер нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отварајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа.

Визер почна да оперира од Скопје,  во јуни 2011 година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во октомври 2012 година, Визер ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.

Во првите 11 месеци од 2016, Визер пренесе околу 1 милион патници со своите ниско-буџетни македонски рути, поддржувајќи повеќе од 700 локални работни места во различни индустрии.

Визер сега нуди 26 рути до 11 држави од Македонија.

Најчитани вести