четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 3

Чаша алкохол ја зголемува атрактивноста

devojka-u-seksi-vesu-1412074611-48950

Последни вести

За поместување на границите на атракција доволно е да се испие една пијачка, открива едно истражување, а за расудување на убавината влијае музиката и амбиентот.

Убавината е во окото на очевидецот, но неговиот вкус се менува во зависност од количината на алкохол кој тој ја испил.

Студијата на австралиските научници покажува дека проценката на привлечноста на поединците се разликува во зависност од тоа дали тие се трезни или пијани.

Во студијата се вклучени луѓе на возраст од 20 до 69 години. Од оние кои пиеле, една третина изјавиле дека се чувствуваат поатрактивно по неколку испиени чаши пиво, а една четвртина сметаат дека додека се под дејство на алкохол другите им изгледаат поатрактивни.

Само 3% од жените и 10% од мажите сметаат дека им се атрактивни лица кои се под дејство на алкохол.alko

Во една друга студија откриле дека луѓето откако пиеле алкохол станувале во просек 10% попривлечни отколку што би биле доколку се трезни.

Експертите ги објаснуваат овие резултати со тоа што тврдат дека алкохолот го стимулира стриатумот, област во мозокот која игра важна улога во одредувањето на атрактивноста.

Сепак, алкохолот не е единствениот виновник, па истражувачите заклучија дека затемнетите светла во клубовите и баровите, имаат значително влијание врз „погрешно ” проценета атрактивност.

Најчитани вести