Чаша ракија за подобро здравје

Некои медицински истражувања потврдуваат дека ракијата е здрава позитивно влијае на здравјето. Докажано е дека умереното пиење на алкохол го зголемува добриот а го снижува лошиот холестерол. Оние кои пијат ракија поретко заболуваат од кардиоваскуларни болести.

Една чаша ракија го лекува воспалението на внатрешниот ѕид на крвните садови во кои постои масни наслаги кои можат да предизвикаат срцев удар. Исто така го забававува и создавањето на  тромб и го забрзува неговото распаѓање, ако веќе го има.

Умерено пиење значи 1-2 пијалоци кои содржат десет грама алкохол. Тоа одговара на кригла пиво и чаша вино. За трудници не се препорачува.

Од друга страна, претерувањето со пиење алкохол може да го оштети срцевиот мускул и да предизвика грчење на периферните крвни садови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.