Македонија

Чашуле: На Заев сите му се виновни зашто ќе ги загуби изборите

Чашуле: На Заев сите му се виновни зашто ќе ги загуби изборите

На Зоран Заев сите му се виновни затоа што ќе ги загуби изборите, изјави главниот и одговорен уредник на Алфа телевизија, Коле Чашуле во вечерашната дебатна емисија на МРТ.

На сето ова гледам како на едно алиби, ги гледаат рејтинзите, ги гледаат кампањите и сега треба да се најдат виновници, како мало дете. Виновник зашто ќе ги изгубиме изборите. Криви се Алфа, Сител, Канал 5, криви се банкарите. Како беше изјавата, народот е во право и кога греши.  Значи секогаш некој друг е крив. Однапред се спрема тој терен, значи или да се направат толкави проблеми, да се одложат изборите, рече Чашуле.