Чашуле: Не сме ние виновни што Заев беше демантиран од Израел

Не сме ние виновни за Израел, не бевме ние тие што отидовме таму и кажавме што се случило, па после да биде демантирано, изјави главниот уредник на Алфа телевизија Коле Чашуле во вечерашната дебата на МРТ.

Како што рече Чашуле, Заев отвора војна со сите со читателите на Дневник, со гледачите на Сител , Алфа, Канал 5 и МРТВ. Отвора војна со сите оние што седнуваат секоја вечер пред екраните и не гледаат нас.

Изјавата на Заев ја доживеавме со шок. Треба да имаме предвид дека тој човек е лидер на опозиција. Мислам дека сме можеби единствената земја во Европа во која лидер на опозиција кој треба да се бори за слобода, барем така тој кажува, кој треба да ги има медиумите на своја страна да излегува и да отвора директно војна, не со еден медиум, значи со четирите најголеми телевизии и најчитаниот весник, рече Чашуле.

Тој нагласи дека ова значи дека Заев отвора војна со сите наши гледачи, со читателите на Дневник, со гледачите на Сител , Алфа, Канал 5 и МРТВ. Отвора војна со сите оние што седнуваат секоја вечер пред екраните и не гледаат нас.

Навреда е затоа што ние сме новинари, јас не сум политичар, никој овде на масава колку што знам не е политичар и ние не водиме политика и не водиме никаква политичка битка со опозицијата или со било која партија во оваа држава, ние известуваме. Не сме ние виновни за Израел, не бевме ние тие што отидовме таму и кажавме што се случило, па после да биде демантирано. Не бевме ние тие кои што седнуваа кај премиерот во кабинет и се закануваа дека нема да објавувам ако ми дадеш техничка влада. Тоа беше истиот тој човек, рече Чашуле.