Чауш е зет во пошироката фамилија на Зоран Заев?! (ВИДЕО)

Во синоќешната емисија ”Во Центар” новинарот и аналитичар Васко Ефтов изнесе податок дека Катерина Бекири, сопруга на Захир Бекири Чауш е дел од пошироката фамилија на Зоран Заев.

-Ние ќе потенцираме еден факт, дека сопругата на Чаушот е од потесното фамилијарно стебло на Зоран Заев. Односно од пошироката фамилија на Зоран Заев е сопругата на Чаушот. Не  велам дека таа е врската помеѓу Чаушот и  Зоран Заев, меѓутоа тој факт би било добро да биде нотиран, рече Ефтов.

Блискоста помеѓу Катерина Бекири и Зоран Заев се гледа и од Вибер комуникацијата помеѓу двајцата на денот на апсењето на Чауш, односно на 18.12.2015 во 22  часот и 29 минути, во која се вели:

Зоран Заев: Дали му го земаа телефонот?

Катерина: Да, го земаа.

Зоран Заев: Тоа не е добро.

Катерина: Ги земале сите лични карти.

Зоран Заев: Не се секирај, се ќе негираме.

Катерина: Ама со тоа тие веќе имаат докази.

Зоран Заев: Знаеш кој стои зад нас, ништо нема да биде од ова.

 

Токму за Катерина Бекири медиумите пишуваа дека е вработена во јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар во времето кога Андреј Жерновски и СДСМ ја превземаа  локалната власт во Центар.

Зоран Заев очигледно бил многу близок со Закир Бекири Чаушот бидејќи го примал на непосредни и неформални средби во доцните вечерни часови во својот кабинет во партиското седиште.

Исто така кај Чаушот беа пронајдени и дел од прислушкуваните разговори кои требаше да бидат предадени на СЈО. Овие разговори кај Чаушот беа пронајдени во хард диск, креирани месец дена откако Бекири беше уапсен за случајот „Фабрика за афери“.