Чаушевска: Владините мерки го олеснуваат и животот на жените

Најголемиот дел од проектите кои се остваруваа во општината Градско се поврзани токму со жената и со подобрување на квалитетот на нејзиниот живот, истакна градоначалничката на Градско Жанета Чаушевска која денеска зема учество во панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема “Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”.

Таа посочи дека сите мерки кои ги воведе Владата имаат рефлексија на локално ниво и им го олеснуваат животот на жените.

Како пример ги посочи големиот  број на инфраструктурни проекти кои им го олеснува животот на жените, изградбата на детските градинки, искористување на некои од мерките кои ги креира Владата за вработување, мерките за трето дете, спортски игралишта, мерката за млади земјоделци.

-Со изградбата на градинка, направи една верижна реакција со што голем број на мајки одлучија да се вработат, бидејќи порано немаше кој да им ги чува децата, рече Чаушевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.