Чави: Да ја искористиме историската шанса

Искуснкиот играч за врска на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез ги потцети соиграчите дека мора да биде искористена историската шанса за одбрана на шампионската титула во шпанската Примера дивизион.

Победничкиот пехар и во следните 365 дена ќе остане на “Ноу Камп”, доколку фудбалерите на Барселона денеска забележат триумф во дуелот против директниот ривал за шампионската титула тимот на Атлетико Мадрид.

“Бевме убедени дека се е загубено, дека нема да ја одбраниме шампионската титула. Сепак, фудбалската игра ни даде уште една шанса. Играме на домашен терем играме пред верните фанови, се е на наша страна, се што е потребно за да забележиме триумф. Имаме историска шанса. Убеден сум дека сите ќе бидеме сведоци на едно спектакуларно финале. Тој што до пред неколку недели мислеше дека Барселона може да ја одбрани шампионската титула сигурно бил дефиниран како будала. Имаме само една желба, да ја освоиме шампионската титула. Станува збор за уникатен натпревар, не знам дали некогаш во животот ќе добиеме ваква шанса да бидеме дел од еден ваков спектакл”, изјави Чави.