Спорт

Чави го брани Бускец и го напаѓа Касиљас

Чави го брани Бускец и го напаѓа Касиљас

Заменик капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез изјави дека не му се допаднал невкусниот коментар на резервниот голман на Реал (М), Икер Касиљас кој пред неколку дена изјави дека ќе го удри по уво репрезентативниот колега, Серхио Бускец.

Легендарниот капитен на “кралскиот клуб” призна дека е разочаран од неспортскиот потег на Бускец кој на последниот првенствен натпревар помеѓу вечните ривали со копачка и тоа по лице ќе згазна португалскиот интернационалец, Пепе.

„Кога ќе го видам Буцкец, сигурно ќе добие една шлаканица ои уво. Тоа што го направи не е во ред, не е убаво”, изјави Касиљас.

Репрезентативниот колега на Касиљас, Чави, застана во одбрана на Бускец.

„Не е фер така да се однесуваат со Бускец. Такво непочитување покажаа и неколку репрезентативни колеги. Нема никаква дилема околу таа ситуација. Нема потреба од некакво бранење, го брани фотографијата и видео снимката. На истата се гледа дека Бускец не го гази Пепе. Бускец е фантастичен фудбалер, многу е ценет во Барселона, а многу е почитуван и на меѓународната сцена”, изјави Чави.