Чави ќе го облече дресот на Манчестер Сити

Сопствениците на најбогатиот клуб во Англија, тимот на Манчестер Сити со насмеани лица ја дочекаа сензационалната информација дека челниците на каталонскиот гигант Барселона сакаат под итно да ја прекинат соработката со легендарниот играч за врска, Чави Хернандез.

Репрезентативецот на Шпанија има договор со Барселона до 30 јуни 2015 година, но доколку остане на “Ноу Камп” уште една сезона, Чави ќе мора да добие рекордна годишна плата од 13 милиони евра.

Раководните лица на катарскиот гигант Ал-Сад пред неколку дена ја демантираа пласираната шпекуација дека на Чави му понудиле 2-годишен договор и годишна плата од 10 милиони евра.

Англиските медиуми се убедени дека во следните неколку дена, раководните лица на Манчестер Сити ќе испратат официјална понуда до искусниот играч за врска, за 2-годишна соработка која ќе му гарантира годишна заработувачка од 5 мил. евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.