Чави лут поради малата минутажа и позицијата во тимот

Заменик капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез јавно призна дека не е многу задоволен од минутажата која ја добива од новиот предводник на Барса, Херардо Тата Мартино и дека не му се допаѓа позицијата на која игра во актуелната сезона.

„Јас се фрустрирам кога не добивам доволна минутажа. Тогаш сум многу нервозен. Но јас секогаш ја почитувам одлуката на нашиот тренер. Знам дека тренерот го има последниот збор и знам дека јас не можам да влијаам на неговата одлука. Во Барса има едно правило, никој не е над тренерот. Точно дека не сум задоволен од позицијата на која игра, точно дека не сум задоволен од минутажата, но јас нема да направам никаков проблем во соблекувалната”, изјави репрезентативецот на Шпанија.