Чави не добил понуда од Ал-Сад

Потпаролот на најпознатиот клуб од Катар, Ал-Сад, експресно ја демантираше последната шпекулација пласирана од шпанските медиуми дека катарскиот клуб има испратено официјална понуда за искусниот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез.

„Прво на официјалниот сајт, а сега и во живо сакам да ја демантирам пласираната шпекулација, која е дело на шпанските медиуми дека челниците на Ал-Сад испратиле понуда до легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Хернандез. Се што е кажано, се што е напишано е чиста шпекулација и нема никаква вистина во таа информација”, изјави потпаролот на катарскиот клуб.

Репрезентативецот на Шпанија има одиграно нешто повеќе од 700 натпревари во дресот на каталонскиот гигант и со освоени 22 трофеии, Чави е познат како најтрофеен фудбалер во клупската историја на Барселона.