Чави: Не постои подобар начин да се каже збогум, благодарам за се !

Чави не беше стартер на вечерашното финале, но фудбалскиот генијалец влезе во игра во второто полувреме, доволно за зад неговото име да се испише 151. настап во Лигата на шампионите, со што легендата на Барса стана рекордер во елитното европско натпреварување. Воедно, Чави е шпански рекордер и ако се бројат пехарите, со оглед на фактот дека по вечерашниот успех тој во својата колекција има дури 25 трофеи со Барса од најразлични натпреварувања.

„Немам зборови да опишам како се чувствувам, ова ми беше последниот меч за Барса и повторно сум европски првак. Неверојатно е, но игравме одлично, Меси повторно блесна кога беше најпотребно. Тренерот Енрике го заслужува овој успех бидејќи беше критикуван долго време, но се покажа како одличен ривал. Сите работевме напорно, а ова е резултатот од нашиот труд. Не постои подобар начин да се каже збогум, благодарам за се“ – изјави Чави.

Шпанскиот ас, кој летово се сели во катарски Ал Сад, во својата кариера освои две европски и една светска титула со Шпанија, во својата колекција има и 25 трофеи со каталонскиот гигант (8 во Примера, 6 во Супер-купот на Шпанија, 4 во Лигата на шампионите, 3 во Копа дел реј и по две во Супер-купот на Европа и во клупскиот мундијал).