Чави не сака преселба во Ангила или преку барата

Искусниот играч за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез, повторно се обиде да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и на тие кои постојано го селат во САД и во англиската Премиер лига.

„Преселба во некој друг клуб за време на летниот преоден рок? Точно дека нема ништо сигурно кога е во прашање фудбалскиот свет, денес си тука, а утре играш за некој друг клуб. Јас имам јасна идеа во мојата глава, јас планирам да останам на “Ноу Камп”. Планирам и во следната сезона да го носам дресот на Барселона. Можно е да има и некоја примамлива понуда за моите услуги, но истата нема да има некакво влијание врз мојата одлука да останам на “Ноу Камп”. Не планирам никаква преселба во САД или Англија”, изјави репрезентативецот на Шпанија.