Чави не сака преселба во Катар или Њујорк

Легендарниот играч за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез, повторно ја демантираше пласираната информација дека сака да си замине од “Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона.

„Нема да направам трансфер во Катар или во Њујорк. Јас сакам да го испочитувам договорот кој го имам со Барселона. Ќе останам на “Ноу Камп”. Тука се чуствувам среќен, тука се чуствувам важен и корисен. Тука сум многу години, освоив се што можев да освојам. Освоив многу титули во националниот шампионат, во Лигата на шампиони, го освоив и Купот на Шпанија. Само по убаво ќе ја паметам Барселона”, изјави репрезентативецот на Шпанија.