Чави во дилема дали да се пенизонира како фудбалер на Барса

Искусниот играч за врска од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека е можно својата богата професионална кариера да не ја заврши на „Ноу Камп”.

„Тешко е да се пенизионираш како фудбалер на Барселона. Јас не знам дали на ‘Ноу Камп’ ќе го одиграм мојот последен натпревар, јас би сакал, но не знам дали мојата желба ќе стане реалност. Одлично се чуствувам, од психолошка гледна точка, многу подобро во споредба со претходните две сезони. Сакам да играм на секој натпревар, но сега имам потреба од подолг одмор. Среќен сум што сум дел од Барселона, што сум дел од оваа филизофија. Можеби ќе бев посреќен ако играв за некој друг клуб, не знам, но во мојот живот Барселона секогаш беше на прво место”, изјави репрезентативецот на Шпанија.