Чавков и Андоновски во посета на специјалните единици на МВР

Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков и директорот на УБК Љупчо Андоновски со претставници на потесниот колегиум во касарната Илинден и Ѓорче Петров ги посетија специјалните единици на МВР – ЕСЗ Единица за специјални задачи и ЕБР – Единица за брзо распоредување.

Како што соопштуваат од МВР, за време на посетата беа реализирани активности согласно програмата за работа и обука на единиците, а воедно беа опфатени и тематски содржини од делокругот на специјалните обуки и материјално-техничките средства неопходни за успешна реализација на активностите и планот за работа на единиците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.