вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

Чавков: Човечките животи се неповратни, се друго ќе се расчисти

Човечките животи се неповратливи, за се друго ќе се направат напори, ќе се расчистат работите и ќе се нормализира животот со поддршка од институциите, од Владата, меѓутоа жртвите не можат да се повратат, рече министерот Митко Чавков

poplava-1-640x362

Поврзани вести

Човечките животи се неповратливи, за се друго ќе се направат напори, ќе се расчистат работите и ќе се нормализира животот со поддршка од институциите, од Владата, меѓутоа жртвите не можат да се повратат.

За сега билансот е 21 жртва, но се уште трае претрага на теренот насекаде, на целиот простор кој е зафатен од невремето. Засега нема друг случај за пријавено исчезнато лице, но како и да е ние продолжуваме со тие активности, истакна министерот за внатрешни работи, Митко Чавков кој се наоѓа на терен по скопските села што ги зафати големото невреме.

Тој додаде дека се прават максимални напори да бидат поправени сите штети.

Генерално состојбата на терен од сабајле правиме максимални напори сите позиции, практично сите точки да ги покриеме соодветрно со персонални капацитети, со материјално технички средства и во исто време да отпочнеме со санација на штетите, која пред се ќе биде насочена кон расчистување на улиците, дворовите и куќите. Ако вчерашниот ден беше поминат со утврдување на димензиите на штетите кои генерално беа нанесени од оваа катаклизма и фокусот беше кон претрага на теренот и идентификување на жртви и спасување пред се на лица, денешниот ден треба да биде ефективно искористен за санирање на последиците. Така да поделени сме, синоќа имавме до доцните часови Влада, организирани сме на соодветен начин, утвредени се неколку пунктови со кои ќе координираат министри, претставници на Владата, заедно со останатите институции за да се излезе во пресрет на граѓаните, рече Чавков.

Тој денеска со негов тим ќе биде на терен во Црешево, Булачани, Смилковци и Раштански пат.

Тоа се позициите каде што ние денеска ќе бидеме фокусирани, односно позиции со кои јас лично ќе координирам. Во моментов има 100 припадници на полицијата, 70 на армијата, 200 претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со месното население и отпочнавме со активности.

Најчитани вести