Чавков: Двојно е зголемена реализацијата против економскиот криминал

Двојно е зголемена реализацијата против економскиот криминал

Подобрувањето на безбедноста во локални рамки е императив на секоја локална самоуправа, подеднакво како што е приоритет и на Министерството за внатрепни работи, посочи министерот за внатрешни работи, Митко Чавков во своето денешно обраќање на средбата на охридскиот Локален совет за превенција што се одржа во Охрид.

Чавков нагласи дека Миниситерството за внатрешни работи изминативе десетина години вложува максимални напори за промовирање на концептот „Полиција блиска до заедницата“.

Пред претставниците на Локалниот совет за превенција на опшина Охрид, со коjшто инаку претседаваше градоначалникот Никола Бакрачевски, министерот Чавков презентираше низа податоци околу безбедносните состојби на подрачјето на СВР Охрид при што истакна дека во првите пет месеци од годинава во однос на првите пет месеци лани се бележи намалuвање од 18 отсто на делата од класичниот криминалитет, а има позитивен тренд на зголемување од 50-тина проценти во однос на реализаиците против недозволената трговија со наркотици. Исто така, според министерот Чавков зголемена е реализација за околу 50 отсто и по однос на борбата против економскиот криминал, а на исто ниво се задржуваат прекршоците против јавниот ред и мир и состојбите во сообраќајот.

Инаку, министерот  Чавков, заедно со челните луѓе на Бирото за јавна безбедност при МВР,  Горанчо Савовски и на Управата за безбедност и контраразузнавање Љубчо Андоновски, денес беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид каде што се сретна со раководството на оваа организациона единица при МВР. Притоа министерот Чавков беше запознат со актуелните состојби во тековното работење на СВР Охрид.