Чавков е единствено компетентен да го застапува МВР на меѓународни министерски средби за тероризмот и мигрантската криза

Заменик министерот за внатрешни работи, м-р Митко Чавков, денес и утре во Софија, Бугарија, учествува на средбите на министрите за внатрешни работи во рамки на Салцбург Форумот.

Бугарија е актуелен претседавач на Салцбург Форумот, а Чавков ќе учествува и на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од југоисточна Европа чиишто, пак, актуелен претседавач е токму Република Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Предвидено е во рамки на Салцбург Форумот заменик министерот Чавков да има свои излагања околу миграцијата низ западно-балканската рута како и околу ЕУ перспективите на земјите од западниот Балкан. Исто така заменик министерот Чавков че има свои обраќања и во рамки на состанокот на PCC SEE, и тоа околу правната основа на PCC SEE во контекст на справување со заканите кои се јавуваат од зголемениот проток на мигранти како и за стратешката и практична ориентација на процесот за имплементација и идната финансиска поддршка, се вели во информацијат до јавноста.