Македонија

Чавков и Курц во посета на јужната граница

Чавков и Курц во посета на јужната граница
Чавков и Курц во посета на јужната граница.

Чавков и Курц во посета на јужната граница. Македонскиот министер за внатрешни работи Митко Чавков и австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денес ќе ја посетат Гевгелија, каде што ќе ja увидат моменталната ситуација кон границата со Грција.

Курц: Подобра заштита на надворешните граници на ЕУ

Инаку, министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц вчера, со цел намалување на бранот азиланти, побара подобра заштита на надворешните граници на ЕУ, како и поголема контрола на западно-балканската транзитна рута.

Курц: Подобра заштита на надворешните граници на ЕУ
Курц: Подобра заштита на надворешните граници на ЕУ

Курц, во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“, изнесе пет предлози за справување со бегалската криза и борба против шверцот со луѓе, пренесе МИА.

Тој се залага за меѓународна акција против Исламска држава, каде смета дека Австрија треба да учествува со обезбедување на опрема. Според него, бегалците треба да бидат заштитени и згрижени во близина на нивната татковина.

Мора да направиме повеќе на терен и да воспоставиме прифатни центри за бегалците, што бегаат од теророт, нагласи Курц.

Според Курц, неопходно е бегалците барањата за азил да ги постават во тие прифатни центри во земјите од кои доаѓаат или во соседните држави.

Моментално немаме одржлив систем. Мажите се борат со шверц кон Европа, а послабите жени и деца остануваат, предупреди тој.

Тој меѓу другото, се заложи и за одредување квоти за распределба на бегалците во ЕУ. Како што информираше, австрискиот министер предлогот го упатил и до Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред конференцијата за Западен Балкан, што на 27 август ќе се одржи во Виена.

Чавков: Полицискиот кордон е за поорганизирано и редуцирано пропуштање на мигрантите

Министерот за внатрешни работи на Македонија Митко Чавков во саботата ја посети јужната граница и изврши увид во состојбата со мигрантите.

Чавков: Полицискиот кордон е за поорганизирано и редуцирано пропуштање на мигрантите
Чавков: Полицискиот кордон е за поорганизирано и редуцирано пропуштање на мигрантите

Чавков изјави дека полицискиот кордон кој во саботата попладне беше пробиен од мигрантите кои се наоѓаат во пограничниот појас на грчко-македонската граница, не бил поставен со цел да ја затвори јужната граница со Грција, туку напротив со цел на поорганизиран и редуциран начин да се пропуштаат дел од мигрантите и да се врши соодветен трансфер до местата за регистрација и за јавен превоз.

Практично тоа беа планирани мерки и активности во контекст на оние две комплементарни цели кои си ги поставивме како Влада на Република Македонија. Примарната цел е хуманитарен пристап или соодветно хуманитарно згрижување на мигрантите за што сведочи и бројката на мигранти кои во текот на вчерашниот ден и од сабајле се трансферирани од граничен камен 59 до железничката станица во Гевгелија, каде што беа регистрирани и примарно згрижени околу 900 мигранти, претежно жени и деца како ранливи категории. Вториот аспект е безбедносниот, кој е неопходно потребен во контекст на мерките и активностите што ги презема Владата за заштита пред се на граѓаните во Гевгелија, рече синоќа министерот Чавков.

Во оваа прилика, тој ги повика жителите на Гевгелија да бидат смирени, притоа упатувајќи уверување дека на соодветен начин и со соодветен пристап ќе се успее да се амортизираат проблемите кои се наметнуваат од вчера.