Чавков избран за министер за внатрешни работи, Спасов на чело на МТСП

Собранието ги прифати оставките на техничките министри и заменици министри од СДСМ.

За министер за внатрешни работи е избран Митко Чавков и тој се враќа на функцијата со која чесно и посветено раководеше.

Диме Спасов се враќа на чело на МТСП да продолжи со огромниот број на проекти кои ги реализираше за доброто на сите категории на граѓани.

Пратениците од СДСМ не се јавија за збор и ниту еден од нив не противречеше на одлуката Чавков и Спасов да се вратат на своите функции- министри за внатрешни работи и труд и социјална политика.