среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Чавков: Ќе се преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои се во Турција

МВР ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со МНР и во координација со безбедносните сили, истакна денеска ресорниот министер Митко Чавков.

cavkov-izjava

Последни вести

МВР ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со МНР и во координација со безбедносните сили, истакна денеска ресорниот министер Митко Чавков.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на плажата во Сливница,  тој посочи дека ќе преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои во моментот престојуваат во Турција.

Будно ги следиме состојбите во Турција. Во текот на денешниот ден имаме координација со безбедносните служби и ќе произлезат одредени заклучоци во однос на превенирање или преземање на наши активности во однос на безбедност на нашите граѓани кои во моментот престојуваат во Турција. Ќе се координираме и во рамките на безбедносните сегменти во државата и со Министерството за надворешни работи. Во тек се таквите консултации и јавноста ќе биде информирана и запознаена за следните чекори, истакна Чавков.

Најчитани вести