Чавков на Салцбург Форумот во Бугарија

Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков учествува на средбите на министрите за внатрешни работи во рамки на Салцбург Форумот (чиишто актуелен претседавач е Бугарија) и Конвенцијата за полициска соработка на земјите од југоисточна Европа чиишто, пак, актуелен претседавач е токму Република Македонија.

Форумот се одржува денес и утре  во Софија, Република Бугарија.

Предвидено е во рамки на Салцбург Форумот заменик министерот Чавков да има свои излагања околу миграцијата низ западно-балканската рута како и околу ЕУ перспективите на земјите од западниот Балкан.

Исто така заменик министерот Чавков ќе има свои обраќања и во рамки на состанокот на PCC SEE, и тоа околу правната основа на PCC SEE во контекст на справување со заканите кои се јавуваат од зголемениот проток на мигранти како и за стратешката и практична ориентација на процесот за имплементација и идната финансиска поддршка.