ТОП,Македонија

Чавков: Никој не може да ги доведе во прашање доказите против Верушевски

Чавков: Никој не може да ги доведе во прашање доказите против Верушевски

Целиот доказен материјал, според Чавков, е прибавен со научно фундирани методологии за работа, со што е утврдено дека групата која ја предводел Верушевски го злоупотребила системот на следење на комуникации.

На прашањето дали МВР може да га­ран­ти­ра де­ка до­ка­зи­те про­тив За­ев и Ве­ру­шев­ски во слу­ча­јот „Пуч“ ќе би­дат без­бед­ни и по презе­ма­ње­то на до­ку­мен­та­ци­ја­та и раз­го­во­ри­те од СЈО, од­нос­но де­ка ори­ги­на­ли­те не­ма да би­дат обез­вред­не­ти и зло­у­по­тре­бе­ни, Чавков одговара:

-Из­гра­де­ни­те ин­сти­ту­ци­о­нал­ни ка­па­ци­те­ти са­ми по се­бе се га­ран­ци­ја де­ка до­ка­зи­те што се обез­бе­де­ни на за­ко­нит на­чин и со си­лен ин­те­гри­тет зас­но­ван на раз­ви­е­ни со­вре­ме­ни стан­дар­ди за по­ли­ци­ско ра­бо­те­ње,  ка­ко и ка­па­ци­те­ти­те на се­кто­рот за бор­ба  про­тив комп­ју­тер­ски кри­ми­нал и комп­ју­тер­ска фо­рен­зи­ка, ни­ту не­кој мо­же да ги до­ве­де во пра­ша­ње ни­ту не­кој мо­же да ги обез­вред­ни. На експ­ли­ци­тен на­чин со на­уч­но фун­ди­ра­ни ме­то­до­ло­гии за ра­бо­та, всуш­ност, овоз­мо­жу­ва­ат ре­кон­струк­ци­ја на са­ми­от по­че­ток од аген­тур­но­то и суб­вер­зив­но дејс­тву­ва­ње на гру­па­та ко­ја ја пред­во­дел Ве­ру­шев­ски при зло­у­по­тре­ба­та на си­сте­мот за сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те, за што, впро­чем, има и пра­во­сил­на пре­су­да ка­ко ре­зул­тат на спо­го­ду­ва­ње за ви­на, тврди директорот на БЈБ.