Чавков: Постојат сомненија дека министерот Нухиу имал информации и процени дека постојат ризици, но криел од полицијата (ВИДЕО)

Морам да констатирам дека имам сомневања дека Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи од ДУИ, имал информација дека се подготвува такво сценарио во Собранието на Република Македонија и тоа веднаш по завршувањето на седницата на којашто СДСМ и албанските партии го назначија неговиот сопартиец во Деловникот за собраниски спикер, рече меѓу другото директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, во гостувањето во Вестите на ТВ Сител.

Инаку Агим Нухиу на прес-конференција пред неолку дена за продорот и немирите на разгневените граѓани од начинот на кој беше избран Талат Џафери, се обиде вината да ја префрли токму врз Митко Чавков, дека наводно не бил достапен и не ангажирал доволен број полициски службеници да го спречат тоа.

„Никој не можевме да претпоставиме или да процениме дека по завршувањето на седницата ќе има еден таков развој на настаните. Во тој контекст, јавноста беше сведок на тоа, и тоа беше презентирано во медиумите и од лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој што истакна дека имале проценки, развивале проценки дека Али Ахмети поради ризиците кои постоеле во нивното сценарио го ослободиле да не биде во Собранието и очекувале насилства“, рече Чавков.

Тој ги постави прашањата: Зошто кога тоа го очекувале, не ја пренеле информацијата во МВР? Зошто Нухиу доколку ја имал информацијата не го информирал оперативниот штаб за да се направат дополнителни мерки и активности за да се воспостави јавниот ред и мир или да се превенира влегување во Собранието со поголем број на сили? И трето, зошто ова сценарио не е направено пред 16,30 часот, односно пред да има собрано огромна маса на луѓе пред Собранието.

„Тоа сценарио можело да биде спроведено и пред 14 часот и по 14 часот тоа сценарио, но доколку одлучиле тоа така да биде, требало да ја информираат полицијата, и Агим Нухиу, доколку не е информиран, а се сомневам дека не е информиран. Ние, верувајтем дека би презеле сé што е во наша надлежност, бидејќи имаме и други тековни полициски активности, но сите сили би ги насочиле околу Собранието“, додаде Чавков.