Чавков: Продолжува усогласувањето на платите во МВР

Овластените службени лица и униформираните полициски службеници годинава ќе добијат за пет проценти повисока мартовска плата, како резултат на изедначувањето на платите во МВР со сличните служби, што беше договорено минатата година.

Дополнителниот заменик  министер за внатрешни работи Митко Чавков денес истакна дека овластените службени лица и униформираните полициски службеници мартовската плата ќе ја примат повисока за пет проценти како резултат на изедначувањето на платите во МВР со сличните служби договорено минатата година.

Согласно предвидената диманика, второто усогласување на платите е предвидено да се направи на платата за март 2016. Со платата за март сите овластени службени лица и сите полициски службеници во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5% во однос на нивната февруарска плата. Усогласувањето според стратегијата и програмата на Владата од 2014/2018 година ќе продолжи до крајот на 2017 година кога основната плата на лицата со посебни должности и овластувања во МВР ќе се изедначи со основната плата на лицата со посебни должности и овластувања со  Царинската управа, Управа за финансиско разузнавање, Финансиска полиција и тоа е крајната цел, потенцираше Чавков.