Чавков: Реформите ја доближија македонската полиција до европската практика

Во министерството за внатрешни работи можеме да ја видиме разликата во изминатите години па се до денес. Во 2006-та година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт морам да потенцирам дека бевме затекнати со многу законски решенија во министерството од времето на Југославија, ние како министерство од тој период па се до денес направивме многу, како и се донесоа законски решенија и подзаконски акти во министерството, потенцираше директорот на БЈБ Митков Чаквов на панел-дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека од 2006 година па досега се направени многу реформи со  што македонската полиција се доближи до европската практика и методологија.

-Имавме стратешки пристап при што цел ни беше да обезбедиме проактивност во полициското работење, партнерство со останатите институции на системот и превенција, рече Чавков.