петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Чавков: Системот не е во сопственост на УБК и МВР, само овластено лице на операторот може да пристапи до него

Постојат огромни ризици за системот ако нестручно се манипулира и дојде до прекин. Во периодот од 2008 до 31.12.2015 постојат актуелни посебни истражни мерки кои се спроведуваат во различни области на криминал, меѓу кои и тероризам, истакна вечерва директорот на БЈБ Митко Чавков.

чавков

Поврзани вести

Според него граѓаните мора да ја знаат вистината и толку затоа објасни дека припадници на единицата Алфа биле распоредени во околината на МВР, а во 14:30 се распоредиле пред УБК. Чавков истакна дека станува збор за лица кои од разни причини претходно биле отстранети од единицата, а по поставувањето на Спасовски се вратени во полициската единица.

-Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци.  Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија, истакна Чавков.

Во однос на неовластеното присуство на Алфите, Чавков рече дека во текот на утрешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.

-Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и псоле моето јавување ги повлече луѓето, рече Чавков.

alfi-640x320

Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже во текот на утрешниот ден, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани

-СЈО самите сфатија дека дошле неподготвени во текот на денешниот ден и од тие причини самите поднесоа барање некаде околу 20 часот до операторот, односно до „Ериксон“, за да дадат „Ериксон“ овластување на нивниот претставник во Македонија да оствари пристап до системот кој пак ќе повторам, не е во сопственост на УБК, значи не е сопственост на МВР, е во сопственост и администрирање на операторот. Така да УБК или МВР немаат никаква улога во тој дел. Доколку тие обезбедат експерт, стручно лице кое што ќе може да ги зивлече сите тие податоци и пак ќе повторам не „имиџи“, зошто Катица Јанева употребува термини кои што не и се познати, туку експорт на сите тие податоци кои што ги бараат, едноставно можноста ја имаат ако сега успеат да ги извадат, сега да ги извадат, но видоа дека не се подготвени и не е тоа едноставно да се реализира, заклучи Чавков.

Најчитани вести