Чавков: Спасовски не направи ништо против организираниот криминал

Mинистерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска изјави дека е разбирливо дека масовните преместувања односно распределувања, независно дали се хоризонтални, вертикални, дали се унапредувања или уназадувања, ако се незаконски и ако претставуваат кршење на административните процедури тоа не е ништо друго освен внесување на хаос во МВР.

Министерот запраша дали постои една акција, за која може да се сетиме а која била споредена во време на Спасовски како технички министер за внатрешни работи.

-Дали има спроведено некоја оперативна акција во борбата против организиран криминал? Нема ниту една освен тоа 200 илјади евра потрошени за ништо и освен операцијата Чауш, во која не само што не бил вклучен или не учествувал туку беше спротивна на неговите тези, односно неговите тенденции за лиферување на различни афери во МВР, подвлече Чавков.

Вчера Прес 24 објави како скандалозно биле потрошени над 170.000 евра за неуспешната акција во Липковско.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.