Чавков во Штип: Случајот со личните карти беше во дневно-политички

Начинот како беше отворен случајот со личните карти беше со намера да се прејудицира дека лични карти биле искористени за изборни цели. Сепак, се покажа дека тоа е само за дневно политички цели, да се стекне впечаток дека ете тоа се дел од изборни нерегуларности кои наназад се најавуваа. Ова го посочи заменик Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, при денешното отворање на инфо-центарот за превенција во Штип.

chavkov-stip

Мојата преокупација и напори беа развивање на политики во МВР, соодветни стратегии за зајакнување на капацитетите на МВР. Ова е прашање кое не треба да биде во доменот на Министерот и заменик министерот, тие да се занимваат со тоа, тоа се теми на тактичко ниво. Ние во МВР имаме професионални структури кои ефикаснно спроведуваат истраги. Начинот како беше отворен случајот, преку медиуми, пишувања, изјави од Миннистерот, сето тоа беше со намера да се прејудицира дека лични карти биле искористени за изборни цели. Сепак, се покажа дека тоа е само за дневно политички цели, да се стекне впечаток дека ете тоа се дел од изборни нерегуларности кои наназад се најавуваа. Колегите од организиран криминал по барање на јавното обвинителство работеа на овој случај, спроведоа проверки, истрага и на крај констатираа дека личните карти не се користени во изборни цели и дека податоците за тие лица кои се од личните карти не биле на избирачки список,тоа е потврдено и од ДИК и од увидот компјутерски, со што се негира целата таа теза. Практично тоа беше прејудизирање. Остануваат две прашања кои бараат одговор, зошто е напрвено тоа и кој го направил тоа. Јас сум сигурен дека професионалните структури во МВР ќе одговорат и на овие прашања, потребно е само трпение, рече Чавков во одговор на новинарско прашање на отворањето на Иформативен центар на МВР во Штип, пренесува „Старплус” на ТВ Стар од Штип.