Чавков: Треба да се санкционира секое вандалско однесување

Легитимно е правото да се протестира и искаже револт, меѓутоа неприфатливо е секое вандалско однесување и нарушување на јавниот ред и мир, кое треба да се санкционира.

Ова во интервју за ТВ Сител го истакна министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

-Сосема е легитимно правото на секој поединец, здружение или невладина организација да протестира и да искаже одреден револт за одредени прашања или состојби, но истовремено е одговорност за сето тоа што се случува во рамките на тие протести. Не можам да ги етикетирам сите луѓе дека учествувале во насилства или оштетување на објекти и напади на политички службеници. Секако, тоа беа само поединци. И тогаш и сега стојам на исиот став, а тоа е дека секое вандалско однесување и нарушување на јавниот ред и мир треба да се санкционира. Тие кривични прекршочни пријави ниту ги поднесува Оливер Спасовски, ниту ги поднесува Митко Чавков. Си беа идентификувани од оперативните служби, началник на СВР Скопје беше поставен од Оливер Спасовски и во рамките на СВР Скопје беа поднесени и кривичните и прекршочните пријави, рече тој.

Еклатантен пример за  вандалско однесување и хулигански манири покажа професор Гордан Калајџиев, кој денес бил повикан на информативен разговор во полиција. Калајџиев на протестите удираше со боја кон споменици и институции, а воедно во говор пред демонстрантите се закануваше дека ќе паднат и жртви.

За нарушувањето на јавниот ред и мир, Калајџиев ќе треба да одговара согласно закон.

Инаку штетата која ја направија на протестите организирани од СДСМ е огромна и се проценува засега на над 200.000 евра. Тие уништија споменици кои ја претставуваат македонската историја и култура, јавни и приватни згради и улици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.