среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 30

Чавков: За ефективно справување со миграциските текови потребна есоработка

Справувањето со вториот бегалски бран ќе биде тема на состанокот на лидери што во септември ќе се одржи под покровителство на Обединетите нации, како и на самитот на лидерите што потоа треба да се одржи во Њујорк.

чавков

Последни вести

Миграциските текови се глобален проблем и тие треба да бидат и глобална одговорност заклучиле министрите на внатрешни работи на денешниот состанок во Братислава, што се одржува по преземањето на шестмесечното претседателство на Словачка со Советот на Унијата.

Министерот за внатрешни работи на Македонија Митко Чавков кој учествува на состанокот за „Алфа“ вели заклучокот на министрите на состанокот е  дека за ефективното справување со миграциските текови е потребна соработка и градење на вистинско партнерство. Според Чавков, изминатава година ги покажала потребите од зајакнување на заедничкиот европски систем за азил, но биле истакнати и потреби од нови решенија што ќе функционираат во пракса.
-Интенцијата е да се направат дополнителни напори во зајакнувањето на  ефективност и ефикасност во разграничувањето на бегалците од економските мигранти и практично профилирањето не само по однос на потеклото на бегалците туку и по однос на персонални карактеристики на бегалците или мигрантите. Беа потенцирани и слабостите од досегашното функционирање во однос на потребата за ефективни механизми, за доследно функционирање на постојаните европски институции кои го третираат прашањето на бегалците и миграцијата, вели министерот Чавков за „Алфа“.
На состанокот министерот за внатрешни работи на Словачка, и претставници од министерството за внатрешни на Холандија изразиле благодарност до Македонија за како што рекле значителниот придонес на земјата во менаџирањето на бегалската криза. Справувањето со вториот бегалски бран ќе биде тема на состанокот на лидери што во септември ќе се одржи под покровителство на Обединетите нации, како и на самитот на лидерите што потоа треба да се одржи во Њујорк.

Најчитани вести