Чавушоглу: Утврден идентитетот на напаѓачот од Истанбул

Идентитетот на извршителот на терористичкиот напад во Истанбул е утврден, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изутринава во интервју за агенцијата Анадолија.

Чавушоглу не го соопшти името на напаѓачот.

Во меѓувреме уште најмалку пет лица се уапсени поради сомнение дека се поврани со нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул за време на новоодишната ноќ, во кој загинаа 39 лица, а 69 беа уапсени.

Според полицијата сите тие се членови на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот. Новите апсења на осомничени почна во градското пристаниште Едена во Измир и се уште трае.

Претходно се уапсени најмалку 14 лица, за кои полицијата се сомнева дека се поврзани со нападот, меѓу кои и двајца странци.