Чавушоглу во БиХ бара бојкот на школите на Ѓулен

Заменикот премиер на Турција, Хакан Чавушоглу, ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина да ги бојкотираат образовните институции коишто во оваа земја ги основал осламистичкиот имам Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за неуспешниот обид за воен преврат од 1-ти јули 2016 година, како и дека преку неговата организација ФЕТО која ја прогласија за терористичка, се обидува да воспостави „паралелна држава“ во турските државни институции и општеството.

Според извештаите од неделата на сараевските медиуми, турскиот вицепремиер Хакан Чавушоглу, при посетата на БиХ упатил апел, во прв ред до родителите на учениците да не дозволат јакнење на движењето ФЕТО во оваа земја.

„Доколку ги испратите децата во нивните училиште ќе сфатите во еден момент дека сте ги загубиле, но тогаш веќе ќе биде предоцна. Вистинскиот пријател ви говори искрено, ви го зборува и она што не сакате да го слушнете. Ние доживеавме тешкотии, немојте и вие“, изјавил Чавушоглу за медиумите.

Притоа навел дека образовните институции во сопственост на Фетула Ѓулен ги образуваат „децата на таков начин што стануваат убијци кои се подготвени да удрат и на сопствениот народ, на државата, па дури и на своите блиски“.

Чавушоглу предупреди дека ФЕТО отворил училишта во многу земји, изразувајќи сомневање дека оваа организација има заштитници.

„Загрижувачки е тоа што онаму каде што се присутни лесно и без пречки доаѓаат до корпоративни структури, што нѐ наведува на размислување дека зад нив стои некој друг раководен тим.Колку за пример, нивниот водач Фетула Ѓулен без пречки престојува во Американ, многу други членови на оваа организација се добро примени во бројни западне европски земји“, рекол Чавушоглу.

Во БиХ се отворени девет образовни институции, основно училишта и факултети со пари коишто се обезбедени од фондацијата на Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, а Вашингтон одбива да го екстрадира во Турција. Турските власти постојано вршат притисок да им се забрани работата на овие институции на Ѓулен. Еден од универзитетите Бурч, во меѓувреме го смени сопственикот за да може да продолжи да работи.