Чазим: Албанците ме осудуваат бидејќи сакам да ја купам куќата на Милошевиќ

Албанскиот бизнисмен Чазим Османи се најде на удар на својот народ од Косово само затоа што сака да ја купи вилата на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ која се наоѓа на Дедиње.

Имено, откако српски Курир објави ексклузивна вест дека Феникс, како што го нарекуваат, во друштвото на поранешниот министер и социјалистот Милутин Мркоњича, сака да ја купи куќата на Милошевиќ, како што тврди Османи стана централна тема во медиумите на Косово.

Голем притисок

„Колкава прашина се крена во Косово поради оваа приказна за купување на куќата. Доле (мислам на Косово) тоа е главна вест во медиумите и многумина ме осудуваат. Некои дури и зборуваат дека ни мртви нема да влезат во објектот. Луѓето зборуваат како Слободан и неговото семејство ни Србите не сакаат на тој начин да бидат протерани, како ни Албанците. Навистина се направи голем притисок главно од негативни коментари. Од промоцијата и ја подигнавме цената на вилата“, вели Чазим.

cazim-osmani-slobodan-milosevic-vilafoto-arhiva-1425932456-624013

Инаку, Османи пред неколку дена за српски Курир, раскажал дека тој само сака да купи некоја луксузна недвижнина во Белград бидејќи сака да живее во градот во која баш се му се допаѓа. Разгледал неколку луксузни куќи, но посебно му се допаднал некогашниот претседателски дом. Се обидел без предрасуди да пристапи кон купување, но сега веќе не му е сеедно да се одлучи да ја купи оваа озлогласена куќа. Затоа сериозно размислува да се откаже од купување на вилата на Слобо, и поради личниот мир, сепак да побара некоја друга куќа без минато и историско значење.

Посредникот Мркоњиќ

Во целата приказна околу Чазим и поранешната куќа на Слободан Милошевиќ просредувал Мрки, кој ни за жива глава не признава дека има нешто со оваа работа. Албанскиот бизнисмен, пак, од друга страна, не негирал дека имал помош од поранешниот министер, но од почит кон него, не сака да му прави проблеми и молчи поради тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.