Чеченец сакал да го убие Путин

Иса Мунаев е Чеченец кој војувал на страната на Украина. Властите во Киев на почетокот на јануари го ослободиле Мунаев, кој веднаш се приклучил во војната против Новорусија.

Генералот Иса Мунаев, кого лидерот на руската Чеченска Република, Рамзан Кадиров, го прогласил за личен непријател и чија смрт ја наредил, бил ликвидиран претходните денови во борбите кај Дебаљцев. Информацијата за неговата смрт ја соопштил командантот на баталјонот “Донбас”, Семјон Семченко.

Иса Мунаев е Чеченец кој војувал на страната на Украина. Мунаев се борел и против Русите во времето на војната во Чеченија, а бил и командант на одбраната во Грозни. Мунаев бил уапсен во Украина во 2012. година, поради поседување на експлозив, а истрагата утврдила дека планирал убиство на Владимир Путин. Властите во Киев на почетокот на јануари го ослободиле Мунаев, кој веднаш се приклучил во војната против Новорусија.

Тој во Украина се обидел да организира еден украински баталјон, кој требало да се нарече по чеченскиот сепаратист “Џохар Дудајев”. До тогаш Мунаев бил заменик командант во баталјонот “Донбас” и “Азов”.

Неговата ликвидација претходно била наредена од лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров. Покрај Мунаев, Кадиров наредил и ликвидација на неколку украински команданти, кои во изјавите го поддржале неодамнешниот терористички напад во Грозни.

Мунаев бил ликвидиран во обидот за деблокада на Дебаљцев.