Чеченскиот лидер дозволи да се отвара оган кон руските безбедносни сили

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им дозволи на локалните безбедносни сили да отворат оган кон руските федерални сили за безбедност доколку тие дејствуваат во регионот без негово одобрение.

Овој потег доаѓа откако оваа недела припадници на безбедносни сили на соседен руски регион убија еден Чеченец, пренесува БТА.

Тој им порача на чеченските сили за безбедност дека може да пукаат кон припадниците на другите безбедносни сили од други региони ако тие дејствуваат без негово одобрение.

Руските медиуми ова го толкуваат како можен раскол меѓу него и Кремљ.