Чеченскиот претседател: Подготвен сум да им се приклучам на бунтовниците во Украина

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров изјавил дека е подготвен да ја напушти својата функција и да замине да се бори против владините сили во Украина.

Во интервју за телевизијата НТВ, Кадиров е прашан каков однес има кон кривичниот предмет што против него е почнат во Украина и посебно кон заканите од Киев дека ќе биде пуштена меѓународната потерница против него? „Тие можат да дрдорат што сакаат. Имам намера да го замолам претседателот (Владимир Путин), така да се каже, да ме распушти од оваа функција за да заминам за Донбас и таму да го  штитам интересот на граѓаните кои денеска војуваат таму“, одговори Кадиров.

Според ТАСС, интервјуто на Кадиров вечерва ќе се емитува на рускиот ТВ канал.