Спорт

Чех расположен за борба со Куртоа

Чех расположен за борба со Куртоа

Првиот голман на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Петр Чех, за англиските медиуми изјави дека не планира да ја грее клупата за резервни фудбалери и дека ќе остане на “Стемфорд Бриџ” само доколку и во новата клупска сезона има статус на прв голман.

Репрезентативецот на Белгија и во изминатите неколку сезони прв голман на Атлетико (М), Тибо Куртоа ќе ми биде и повеќе од сериозна конкуренција на Чех во новата клупска сезона која стартува на 16 август.

„Се обидувам да работам најдобро. Ако работам напорно и ако ги исполнам очекувањата на нашиот менаџер, тогаш некој друг ќе ја грее клупата за резервни фудбалери. Ќе се потрудам да се покажам во најдобро можно светли за време на подготовките за новата клупска сезона. Мислам дека ќе бидам 100% поготвен за новите предизвици во англиската Премиер лига и во Лигата на шампиони. Не сакам да седам на клупата за резервни фудбалери, тоа не е опција за мене, изјави поранешниот репрезентативец на Чешка.