Чекајќи го Кси, Путин отсвири на клавир

Рускиот претседател Владимир Путин, очекувајќи го во неделата својот кинески колега Кси Џинпинг на билатералните разговори по почетокот на „Еден појас, еден пат“ во Пекинг, решил да го мине времето свирејќи на пијано, свирејќи мотиви од песните „Градот на немирната Нева“ и „Московски прозорци“, пренесуваат агенциите.

Претходно рускиот претседател одржа говор на самитот посветен на кинеските планови за новиот Пат на свилата, а потоа замина во државната резиденција Диаојутаи на разговорите со кинескиот домаќин и други високи функционери.

Чекајќи го пристигнувањето на Кси, Путин отсвирел мотиви на клавирот кој се наоѓа во просторијата, од песни посветени на руската престолнина Москва и неговиот роден Санкт Петербург.

Ова не е првпат рускиот претседател јавно да покажува оти умее да свири на клавир, иако западните медиуми повеќе се задржуваат на градењето на неговиот мачо имиџ.

Така наведуваат дека во Сибир јаваше коњ гол до појас, пилотираше со борбен авион и со подморница во Бајкалското Езеро и во црноморското подморје, учествуваше во акции за помош на сибирските тигри, на пред извесно време ноќеваше во студените тајги на рускиот Далечен исток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.