Чековски го демантира трансферот во Работнички

Играчот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Чековски демантира дека се преселил во Работнички, откако синоќа по социјалните мрежи се појавија информации дека неговиот и трансферот на Тодор Гечевски се реализирани.

„На фејсбук може да пишува се и сешто, но се уште не сум се договорил со Работнички. Кога ќе биде постигнат договор, јавноста ќе биде запознаена“ , вели Чековски за ЕКИПА.

Наспроти ваквиот коментар на Чековски, јасно е дека е само прашање на време кога тој и Гечевски ќе ги договорат условите за преселбата на „Градски парк“, со што ќе станат главни адути на Работнички во битката за титулата,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.