Чековски продолжува со Сигал Приштина

Чековски го напушти МЗТ Скопје и премина во редовите на Сигал Приштина

Тој денеска ги финишираше преговорите со актуелниот победник во БИБЛ лигата договарајќи ги сите услови за едногодишен ангажман.

Крилниот центар во Сигал Приштина доаѓа на барање на Марјан Илиевски, кој со голем успех ја води оваа екипа, минатата сезона успевајќи и да се закити со титулата во БИБЛ лигата. За Чековски ова е враќање во тимот во кој настапуваше во сезоната 2003/2004, кога стигна и до шампионската титула.

За Сигал Приштина минатата сезона настапуваше македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски, кој реши да го напушти косовскиот клуб.

Чековски, како што е познато, го откажа настапот за македонската репрезентација на престојното Европско првенство. Изминатава сезона, по шампионските години во МЗТ Скопје, успеа да го освои и трофејот во Купот на Македонија со екипата на Работнички.