Чековски суспендиран, МЗТ олеснет за 700 евра

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ќе биде значајно ослабен на последниот натпревар од АБА лигата против Раднички Крагуевац, откако раководството на ова регионално натпреварување одлучи да го суспендираат репрезентативецот Ѓорѓи Чековски на еден натпревар поради физичката пресметка со Тејиќ на дуелот со Црвена Звезда.

Двајцата кошаркари се казнети со по еден натпревар, а Чековски бил казнет по  дополнителната пријава од судиите на мечот. Вкупна казна од 700 евра заработи и МЗТ Скопје.

Со победа на последниот натпревар против Раднички, МЗТ Скопје ќе го освои 6.место во АБА лигата и ќе обезбеди директен пласман во Еврокупот во следната сезона.