Челниците на Борусија Д. најавија ангажман на неколку фудбалски ѕвезди

Извршниот директот на германскиот бундеслигш Борусија од Дортмунд, Ханс Јоаким-Ватцке, потврди дека популарните “милионери” ќе потрошат сериозна парична сума за време на летниот преоден рок се со цел, да ангажираат неколку фудбалери од светска калса.

“Тука нема никаква тајна. Многу ќе инвестираме за време на летниот преоден рок, станува збор за сериозна парична сума. Планираме да купиме неколку фудбалери од светска калса и така повторно да бидеме и повеќе од конкуренција на најголемиот ривал во Германија, тимот на Баерн (М)”, изјави Ватцке.

Прв на листата со желби е јапонскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Шинји Кагава, кој пред неколку сезони го носеше дресот на Борсуија од Дортмунд, а сега е проценет на околу 20 мил. евра.