Челниците на Борусија Д. разочарани од судиската тројка

Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватце јавно го критикуваше словенечкиот арбитар Дамир Скомина и го посочи како еден од главните виновници за елиминацијата на неговиот тим во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони.

„Мојот тим одигра одлично во сите 90 минути. Фантастично искуство, но морам и да признаам дека сме и многу разочарни поради елиминацијата. Пропуштивме неколку чисти шанси во второто полувреме. Михтариан немаше среќа во тие ситуации. Единствено, само судијата не беше на висина на задачата. Како за пример ќе ја земам ситуацијата со Серхио Рамос кој намерно го нападна Роберт Левандовски. Скомина донесе неколку погрешни одлуки, јас не барам некакво алиби, но не можам да го премолчам неговото лошо судење. Убеден сум дека ќе осигуравме пласман во следната рунда доколку постигневме уште еден погодок”, изјави Ватцке.