Челниците на ЕУ демонстрираа единство за Иран и американските царини

Челниците на земјите членки на Европската унија демонстрираа во бугарската престолнина Софија единство во поглед на одговорот на американското повелекување од меѓународниот нуклеарен договор со Иран и најавија дека се подготвени да ги заштитат своите интереси, а побараа и трајно изземање од американските царини за увозот на алуминиум и челик.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи изземањето од царините за челикот и алуминиумот увезен од ЕУ само до почетокот на јуни, и еднострано се повлече од иранскиот нуклеарен договор со најава за воведување нови санкции со коишто под удар може да дојдат и европските компании кои по повеќе од деценија се вратија во Иран со големи договори.

„Ние јасно ја истакнавме нашата позиција по прашањето на трговијата со САД. Нашата заедничка позиција е дека сакаме неограничено изземање, но сме и подготвени да разговараме за реципрочните намалувања на трговските бариери“, изјави германската канцеларка Ангела Мекрел по доаѓањето на самитот ЕУ – Западен Балкан.

Челниците на ЕУ во средата вечерта на работна вечера пет часа разговараа за најновите потези на американскиот претседател Доналд Трамп, кои според зборовите на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ѝ помогна на „Европа да се ослободи од сите илузии“ и дека со такви пријатели каков што е Трамп не ѝ се потребни непријатели.

„Гледајќи ги последните одлуки на претседателот Трамп, некој дури би помислил ‘со вакви пријатели кому уште му требаат непријатели’. Искрено зборувајќи, Европа дури би требало да му биде благодарна на претседателот Трамп бидејќи благодарејќи нему се ослободивме од сите илузии“, изјави Туск.

„Кога предизвиците ќе се заканат со нестабилноста на светот, единственото решение е да го здружиме нашите сили и да одговориме со еден глас. Европската сувереноста е гарант на меѓународната стабилност“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Односите се под притисок. Претседателот Туск изнесе многу остра но точна оцена. Она што го имаме е непредвидливата американска политика која едноставно е против нашите интереси. Не можеме и не сакаме тоа да го прифатиме. Сакаме постојано изземање од царините на челикот и алуминиумот. Тогаш можеме да зборуваме за намалување на царинските тарифи“, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Кога станува збор за меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран, Меркел рече дека сите се согласни дека тој не е совршен, но дека треба да биде спроведуван и дограден.

„Сите во ЕУ го споделуваат мислењето дека договорот не е совршен, но дека треба да останеме во него и да ги продолжиме преговорите со Иран за другите прашања како што е балистичката програма“, рече Меркел.

Литванската претседателска Далија Гринаускаите рече де се бараат начини за заштита на европските компании коишто работат во Иран.

„Голема е штетата за процесот на денуклеаризација на Иран, но исто така прифаќаме дека во договорот кои го потпишавме има место за подобрувње. Бараме технички решениеја за заштита на нашите компании кои работат во Иран, вклучително и ткн ’блокирачка клаузула’ која делумно би можела да ги заштити европските компании кои работат во Иран“, рече Грибаускаите.

Една од можните мерки коишто се споменуваат е користењето на „блокирачкото“ законодавство според кое американските екстериторијални закони не би се спроведувале во ЕУ. На вакви мерки ЕУ се повика и во 1996 годна кога САД им се закануваа на европските компании во врска со нивните санкции за Куба, по што тогашната американска администрација попушти. ЕУ истакнува дека треба да се продолжи со спроведувњето на договороте со Иран, се’ додека Техеран го исполнува својот дел од договорот.