Челниците на одбраната на Авганистан поднесоа оставки поради масакрот во воената база

(Авганистански војници чуваат стража пред влезот во воениот комплекс по талибанскиот напад во Мазар-и-Шариф, 21 април 2017/Photo by AP)

Авганистанскиот министер за одбра Абднаула Хабиби и началникиот на генералштабот на вооружените сили, генералот Кадам Шах Шахим, поднеле оставки во понеделникот, соопшти кабинетот на шефот на државата три дена по талибанскиот напад врз воената база на северот од земјата во кој загинале повеќе од 130 лица.

Авганистанските власти во текот на изминатиот викенд беа подложени на жестоки обвинувања од политичките коментатори и воените експерти, коишто бараат казна за министерот за одбрана Абдула Хабиби обвинувајќи го за наспособност да ги заштити граѓаните, па ниту самите воени бази на авганистанските сили.

 

„Претседателот Ашраф Гани ги прифати оставките на министерот за одбрана и на началникот на генералштабот“, се истакнува во соопштението на кабинетот на авганистанскиот претседател коешто го цитира агенцијата AFP.

 

Група од најмалку десет тешко вооружени припадници на радикалното исламистичко движење Талибан ја нападнаа најголемата воена база во северниот дел од Авганистан, во близина на Мазар-и-Шариф, а во петчасовната пресметка според неофицијалните податоци убиени се меѓу 130 и 160 лица.

Талибаните преоблечени во воени униформи влегле во базата со воен камион, вооружени со тешки митралези и елеци со експлозивии, и отвориле оган врз невооружените војници во џамијата и во кантината.

Тоа беше вториот голем напад последните неколку седмици врз воени објекти, откако на почетокот од март беше нападната централната воена болница во авганистанската престолнина Кабул, кога беа убиени повеќе десетици луѓе.

И во двата случаи министерството за одбрана беше обвинето за недоволна транспарентност и за криење на вистинската бројка на жртвите. Авганистанските власти официјално и во понеделникот останаа на информацијата за „повеќе од сто загинати и ранети“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.