Челникот на францската десница рече дека Орбан има место во EPP кое со право му припаѓа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е демократски избран и има место коешто со право му припаѓа во Европската народна партија (EPP), оцени во четвртокот челникот на фанцуската десница Лорен Воке чијашто партија Републиканци е членка на EPP.

„Разговарам со (германската канцеларка Ангела) Меркел, како и со (унгарскиот премиер Виктор) Орбан. Тој има место коешто со право му припаѓа во EPP. Демократски е избран. Тоа нека го имаат на ум сите наши големи цензори“, порачува лидерот на конзервативната партија Републикаци, Лорен Воке, во разговорот за партискиот дневен весник Le Figaro.

Некои од партнерите во конзервативната групација во Европскиот парламент се повлекоа од поддршката за унгарскиот премиер и неговата партија Фидеш, а некои сакаат да ја исфрлат од оваа политичка групацја во којашто најголемо влијание има Христијанско-демократската унија (CDU) на Меркел.

Европскиот парламент минатата седмица динесе резолуција со препорака за активирање на членот 7 од Договорот за ЕУ од Лисабон, што теоретски може да заврши со воведување на санкции за Унгарија и одземање на правото на глас во Советот на ЕУ, со помош на европратениците од EPP.

„Не сум пратеник во Европскиот парламент“, одговара Воке на прашањето на новинарот дали би гласал за таквата резолуција,

Претседателот на Републиканци вели дека „не му пречат неговите (на Орбан) изјави за мигрантското прашање. Но постојат граници кои не треба да се минат, како што се владеењето на правото и независноста на правосудството“.

„Погрешно е да се истуркува Орбан од Европа и EPP. Мораме да престанеме меѓусебно да се судирам“, вели Воке, предупредувајќи на „карикираниот и вештачки судир на (францискиот претседател Емануел) Макрон и Орба кој не одоговара на стварноста“.

Откако во декември ја преземеа должноста на чело на главната опозициска партија во Франција, на Лорен Воке во земјата некои леви и неолиберални центристички политичари на високи позиции му забележуваат за наводен „пооулизам“ во мигрантската политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.